Кривична за скопјанец кој ограбил аптека

СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Ф.С.(20) поради постоење сомнение дека на тринаесетти јануари ја ограбил аптеката „Голд Мун“ на улицата „Благоја Паровиќ“.

Тој со закана со пиштол и закана по животот на вработената одзел 18.000. Од обезбедениот и обработен видео запис од безбедносните камери на аптеката е потврдено како Ф.С. го извршува кривичното дело, по што е извршен претрес неговиот дом. При претресот се пронајдени 10 парчиња муниција.

Пријавениот е познат сторител на кривични дела и против него во периодот од 2009 – 2014 година поднесени се 13 кривични пријави за извршени 25 кривични дела и тоа „тешка кражба“ – 25, „разбојништво“–3, „одземање моторно возило“–2, и по едно дело „кражба“, „противправно лишување од слобода“ и „силување“.

На пријавениот му е одредена мерка протвор во траење од триесет дена.