Македонија,Крими хроника

Кривична за струмичани кои ограбиле златарница

Кривична за струмичани кои ограбиле златарница

Дваесет и петгодишниот А.А. и триесет и шестгодишниот Н.Н. добија кривична пријава поради сомневање дека извршиле кражба и украле златно ланче.

Имено, тие во златарски дуќан во Струмица искористувајќи згодна прилика кога вработената била излезена, влегле внатре и од излогот извршиле кражба на златна огрлица во вредност од 50.000 денари по што истата веднаш ја препродале.