Македонија,Крими хроника

Кривична за стуржанец кој се заканувал со оружје

Кривична за стуржанец кој се заканувал со оружје

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(45) од Струга поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено на 09.01.2015 година околу 17,20 часот Б.С. пристигнал во дворот на оштетениот и по вербална расправија и закани по неговиот живот и животот на неговиот син од појасот извадил огнено оружје пиштол и го вперил кон истиот.

Откако Б.С. дознал дека синот на оштетениот не е во домот заминал за потоа повторно да се врати околу 20,30 минути при што истиот бил приведен од страна на полициски службеници. Од пријавениот одземен е еден пиштол марка „Перто Берета“ калибар 7,65 милиметри и при извршен претрес во неговиот дом, пронајдена е една пушка калибар 22 милиметри со оптички нишан која истиот нелегално ја поседувал.