Кривична за тетовци кои граделе без дозвола

Стружанец доби кривична за убиство во обид
Стружанец доби кривична за убиство во обид

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(47) од Требош и Ш.Б.(58) од с.Лисец за сторено кривично дело „бесправно градење“, а за вториот и за „загрозување на сигурноста“.

Пријавените во текот на ноември 2014 година започнале да извршуваат градежни работи без одобрение за градба од надлежен орган. Од преземени мерки  од страна на СВР Тетово до Одделението за градежна инспекција од Тетово било побарано да се достави Записник од констатирана состојба и извршен увид на лице место, како и целокупната документација за градба на објектот, но истите не биле доставени.

Од извршен разговор со пријавените е утврдено дека не поседуваат одобрение за градба на објектот, а Ш.Б. негирал дека  бил инволвиран во загрозување на сигурноста  со упатување на закани кон пријавителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.