Македонија,Крими хроника

Кривична за тројца „рекетари“ од Шутка

Кривична за тројца „рекетари“ од Шутка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против  М.А (34), Р.А (36) и М.Д (27) сите од Шуто Оризари, поради основано сомневање дека сториле кривично дело – “изнуда“.

Од страна на  Судија на тројцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.

Пријавените од крајот на минатиот месец континуирано, лично и телефонски на 29 годишен скопјанец кој привремено живее и работи во Холандија, му упатувале закани по неговиот живот и животот  на  неговото семејство. Пријавените од оштетениот барале да им даде 2.000 евра за наводен долг кој настанал поради тоа што пријавените предходно физички го нападнале таткото на оштетениот, и биле казнети со по 1.000 евра глоба и побарале уште 1.000 евра за нивни потреби.

На почетокот на месецов, односно 02.03., по предходно телефонско јавување од страна на пријавените и сериозни закани, оштетениот исплашен по неговиот живот и животите на неговото семејство, во центарот на населбата Шуто Оризари се сретнал со тројцата пријавени и на третопријавениот М.Д  му дал 500 евра. Пријавените незадоволни од износот на паричните средства кои ги изнудиле на оштетениот, наредниот ден околу 03,00 часот, насилно влегле во неговиот дом каде повторно му се заканувале по неговиот живот и животите на неговите блиски при што му впериле пиштол и му се заканиле дека доколку до 18,00 часот не им даде уште 500 евра ќе го убијат и ќе му се вселат во куќата или истата ќе ја запалат.

Откако си заминале од неговиот дом, оштетениот случајот го пријавил во полиција, од каде по крим техничка обработка на 500 евра, истиот се вратил во неговиот дом за да се сретне со пријавените. Околу 18,00 часот  М.А и Р.А дошле кај оштетениот, кој им ги дал парите по што тие го напуштиле неговиот дом и по кусо време од страна на полицијата истите се лишени од слобода, додека М.Д., кој не бил дојден со нив. Тој  подоцна е пронајден и приведен.

Инаку, сите тројца пријавени се познати сторители на деликти проследени со насилство, крвни и сексуални деликти, криумчарење на мигранти, недозволена трговија со оружје  и  имотни деликти, за што во временскиот период од 1994 до 2012 годени им се поднесени вкупно 19 кривични пријави.