Кривична за тројца шумски полицајци од Охрид

Стружанец доби кривична за убиство во обид
Стружанец доби кривична за убиство во обид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(49), И.С.(36) и Т.П.(34), шумски полицајци во Шумската полициска станица-Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На десетти август оваа година, во Охрид на местото викано „Видобишта“ пријавените сопреле патничко возило-џип „мицибуши пајеро“ без регистерски таблички управувано од лице од село Велгошти, охридско, кое било натоварено со 1,5 просторни метри огревни дрва, без жиг. По ова, пријавените на лицето му предложиле да замине од местото на настанот со алатите за сеча на дрва, додека во записникот и потврдата за привремено одземени предмети внеле невистинити податоци дека возилото и дрвната маса се од непознат сторител. Потоа, возилото формално со записник и со потврда го предале во ЈП „Македонски шуми“-Охрид и поднеле кривична пријава против непознат сторител.  На 12.08.2014 година, пријавените го подигнале возилото од стовариштето на Јавното претпријатие и го сместиле во гаражата на Т.П. и  го користеле за приватни потреби.

Откако лицето од село Велгошти дознал дека возилото се наоѓа кај Т.П. настанот го пријавил во полиција.