Кривична за виничанец кој превезувал семејства во Франција, со ветување за азил

Kривична пријава е поднесена против Е.М.(38) од Виница поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на безвизен режим во државите членки на Европска унија и на Шенгенскиот договор”.

Имено, како што соопштуваат од МВР,  Н.Ш.(53) од Прилеп каде живее со своето семејство сакале да го искористат безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и да побараат азил во некоја од нив.

Истиот при разговор со блиски пријатели во локалната продавница во нас.„Тризла“ во Прилеп дознал дека пријавениот организира и превезува лица заинтересирани за барање азил во земјите членки на Европска Унија.

На почетокот на 2012 година Е.М. се сретнал со Н.Ш и му кажал дека може него и неговото семејство да ги превезе до Република Франција и при тоа дека лесно ќе добијат азил. За услугата пријавениот од Н.Ш. му побарал за секој член од семејството по 250 евра или вкупно 750 евра, при тоа требало да патуваат со неговото комбе во кое собирало околу 10 лица.

За да се исполни со патници комбето, пријавениот на Н.Ш. му кажал да најде уште едно семејство заинтересирано за азил во Р. Франција.

Откако оштетениот за својата намера да бара азил во Р.Франција го запознал и неговиот пријател и тој остварил контакт со пријавениот и при тоа се договориле и неговото шестчлено семејство да биде превезено до Р.Франција со цел барање на азил.

На 25.04.2012 година во раните утрински часови со своето комбе со штипски регистарски ознаки, пријавениот пристигнал во Прилеп и од бензиската пумпа на излезот од градот, ги превзел семејството на Н.Ш. како и семејството на неговиот пријател, ги превезол во градот Лион и им го посочил местото каде да се обратат за барање на азил, по што тие му платиле по 250 евра за секој член или вкупно  2.250 евра.

Откако на двете семејства им било одбиено барањето за азил едните биле депортирани од Р. Франција и вратени назад во Р. Македонија, додека пак другото семејство заминало во Р. Швајцарија каде исто така поднеле барање за азил при што истото им било одбиено и биле депортирани и вратени назад во Р.Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.