Кривична за Заев и Верушевски за шпиoнажа и соработка со странски структури

Четири лица меѓу кои  лидерот на СДСМ Зоран Заев се осомничени во големата полициска акција „Пуч“, јави МВР.

Според информациите што денеска беа соопштени од страна на МВР, прв осомничен е поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски  кого полицијата го терети за шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери. Покрај него осомничен е и лидерот на СДСМ Зоран Заев кој од септември остварувал средби со Груевски и му се заканувал со наводни докази против него, барајќи техничка влада и избори. За возврат Заев велел дека нема да ги објавува т.н. бомби. Според полицијата изворот му бил Верушевски.

Применети се посебни истражни мерки  а на 22 јануари извршен е и претрес кај Верушевски при што се најдени 2 пиштоли, 4 компјутери и 6 мобилни. Од анализата на содржината во компјутерите пронајдени се илјадници документи кои покажуваат дека се сторени делата.Меѓу доказите најдени се и снимки од разговори на лица од политиката и јавниот живот. Станува збор за обемна содржина од преку милион фајлови.

Покрај ова, одземен е и компјутер од Стопанска банка каде работела сопругата на Верушевски.

Покрај Верушевски и Заев осомничен е и вработен во општина Струмица. Денеска извршен е и претрес на неовото работно место при што се одземени 4 компјутери, а претресот се уште е во тек.

Како што соопшти МВР, целата група ќе одговара за насилство кон државни органи, загрозување на уставени поредок и демократски институции, дело кое прв пат се открива во Македонија.

Инаку, лидерот на СДСМ, Заев е единствениот кој не е приведен во оваа полициска акција. Останатите тројца веќе се во рацете на полицијата.