Кривични пријави против лице кои извршело 10 кривични дела

СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето М.С. (19) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил 10 кривични дела и тоа една – “кражба“, три дела – “тешка кражба“ и шест – “тешка кражба во обид“ при што се здобил со противправна имотна корист од околу 389.360 денари. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Кривичните дела пријавениот ги извршил во периодот од почетокот на јуни до средината на август годинава и тоа на подрачје на Центар ( една тешка кражба, една кражба и еден обид за тешка кражба од куќа), на подрачје на Кисела Вода (три обиди за тешка кражба од куќа), на подрачје на Ѓорче Петров (две тешки кражби и еден обид за тешка кражба од куќа) и на подрачје на Карпош (еден обид за тешка кражба).

Кривичните дела ги извршувал во различен период од денот претежно во пладневните часови и ноќе во време кога сопствениците не биле дома. Со употреба на физичка сили со помош на подесен алат и со прекачување влегувал во домовите и при тоа вршел претурање и пребарување при што одзел: еден пиштол марка “Црвена Застава“ калибар 7,65мм, рамка со пет куршуми, една празна рамка за истиот пиштол, мобилни телефони различни марки, еден телевизор, златен накит (прстени, ланци, привезоци, обетки) златници со различни ликови, разна бижутерија, машки и женски часовници, девизи (евра), денари и други предмети.

По извршувањето на кривичните дела М.С. украдените предмети ги носел и ги продавал на Бит Пазар и на пазарот “Бувљи пазар“ под Кале (пиштолот заедно со куршумите и рамките го продал на НН лице на Бит Пазар за сума од 100 евра) украдените евра ги заменувал во менувачница на влезот од Скопската чаршија, а додека добиените пари ги потрошил за купување на опојни дроги како и за други свои лични потреби.
Од страна на ПС од ОИД истиот е приведен во ПС ОН Кисела Вода, извршени се разговори со него во врска со сторените кривични дела, во кои разговори пријавениот во целост ги признал делата и го опишал начинот на извршување. Инаку против М.С. од 2011 до 2014 година поднесени се осум кривични пријави од областа на имотните деликти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.