Кривични пријави за двајца риболовци

Кривична пријава за двајца рибари, едниот од Прилеп, а другиот од село Стење поради незаконит риболов.

Двајцата се затекнати на плажата во селото Стење, во водите на Преспанското езеро.

Прилепчанецот Г.С. имал четири, а М.Т. од Стење имал две рибарски мрежи и пет килограми риба.