Македонија,Крими хроника

Кривични пријави за крадци од Ресен

Кривични пријави за крадци од Ресен
Стружанец доби кривична за убиство во обид

Четиринаесет кривични пријави се поднесени против 19 сторители за сторени кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „прикривање” како и еден посебен извештај за кривично дело „прикривање“.

Од нив 9 кривични пријави, против 14 сторители, се однесуваат на кривично дело „тешка кражба” во кои сторителите од објекти и возило украле различни предмети. Меѓу нив четири кривични пријави се против С.З.(40) од Ресен поради постоење основи на сомнение дека истиот сторил тешки кражби во продавници и земјоделски аптеки при што одзел земјоделски препарати како и делови за автомобили.

Се преземаат мерки за расчистување и на други кражби.