Македонија,Крими хроника

Кривични пријави за нелегално градење на катна гаража

Кривични пријави за нелегално градење на катна гаража

ПС Струга поднесе две кривични пријави против С.Љ.(39) и Е.Ш.(57), двајцата од Струга, поради основано сомнение дека сториле по едно кривично дело „бесправно градење“. С.Љ., во мај и јуни 2014 година во непосредна близина на градскиот пазар во Струга без одобрение за градење започнал градба на објект-катна гаража. Е.Ш. во текот на 2013 година во Струга започнал градба на објект-семејна куќа без претходно да добие одобрение за градење од надлежните служби.