Кривични пријави за Радовишани

ПС Радовиш поднесе кривична пријава против М.Ш.(21) и А.Ш.(23) двајцата од Радовиш, за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 14.10.2014 година на регионалниот пат за планина Плачковица, на м.в. „Чешме маале„ пријавените, управувајќи нерегистрирано моторно возило натоварено со огревни дрва, со вербални закани и закана со моторна пила ги спречиле вработените лица од ЈП Македонски Шуми, подружница Радовиш, во вршењето на службените дејствија. По преземени мерки одземени се возилото, огревните дрва и моторната пила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.