Кривични пријави за струмичани за телесни повреди и фалсификување на документи

СВР Струмица поднесе кривична пријава против И.В. (24) од с.Баница, струмичко, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Во август 2013 година, во Струмица пријавениот, по претходна расправија, со дрвен предмет физички ја нападнал Ц.А.(66), нанесувајќи и скршеница.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.К. (26) и М.К.(26) двајцата од с.Костурино, струмичко за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и С.П. (32) од Струмица за „фалсификување исправа“. Во почетокот на 2013 година, браќата со цел да добијат визи за влез во САД во договор со С.П., истиот им изготвил фалсификувани документи за аплицирање за износ од 2.000 евра, а потоа браќата ги употребиле во Амбасадата на САД.