Кривични пријави за три лица поради злоупотреба на безвизниот режим

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.А.(36) од Струмица, Е.В.А.(29) од Р. Бугарија и Т.С.(38) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле  кривично дело ,,злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“.

Пријавените при крајот на месец ноември 2013 година поттикнале и организирале патување на три државјани на Република Македонија во Република Германија каде со цел стекнување на социјални и економски права побарале азил спротивно на прописите на државите членки на Европската унија и на  Шенгенскиот договор.

Со извршување на кривичното дело пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 46.125 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.