Крими хроника

Кривични за 30 лица кои ограбувале во Битола

Кривични за 30 лица кои ограбувале во Битола

Тринаесет лица добија кривични пријави поради сомнение дека во Битола извршиле тешки кражби.

Тројца од осомничените се малолетни, а десет лица се полнолетни и тие при извршените кражби нанеле штета од 790.500 денари.

Две од крижбите биле сторени во текот на 2012 и 2013 година, а останатите осум годинава. Помеѓу расветлените кривични дела од СВР Битола е и кражбата од август, кога „пленот“ бил 270.000 денари, а за која веќе кривична пријава има А.Б.(22).

МВР соопшти дека тој, во куќа во Битола, ја отворил двокрилната врата која била затворена со електрична брава, влегол низ заеднички скали кои ги користат три семејства, се упатил на вториот кат и со лост ја обил трокрилата дрвена врата. Кога влегол, од куќата одзел машки и женски накит, рачен машки часовник и 480 австралиски долари и 3.000 денари.