Кривични за Грк и Албанец кои поседувале фалсификувани документи

РЦ Север поднесе кривични пријави против Г.Г.(70) од Грција и А.А.(37) од Албанија, поради постоење основи на сомнение дека истите сториле кривично дело „фалсификување исправа“. Имено, на 23.12.2014 година во 18.00 часот на ПС за ГП„Табановце“, на излез од РМ, со автобус марка „Bova“ со грчка национална ознака, се пријавила првопријавената со грчка лична карта со цел да замине во Будимпешта. По извршените проверки кај полицискиот службеник се јавило сомнение во исправноста на личната карта, односно дека истата е фалсификувана. Од извршениот разговор со лицето, истата изјавила дека грчката лична карта е копија од нејзината оригинална лична карта која потоа ја пластифицирала и истата и била наменета да ја користи во случај ако ја изгуби оригиналната лична карта. Второпријавениот на 23.12.2014 година во 22.00 часот допатувал на ПС за ГП „Табановце“, со автобус марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки и при пасошка контрола употребил албанска патна исправа, со намера да замине во Австрија. По извршената проверка утврдено е дека пријавениот поради издадена забрана од страна на МВР во Р.Италија за патување во земјите од ЕУ во временски период од пет години, извршил промена на страните девет и десет со вметнување на неоригинални страни.