Македонија,Крими хроника

Кривични за струмичани кои се обиделе да изнудат 50.000 евра

Кривични за струмичани кои се обиделе да изнудат 50.000 евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.Д.(42) сопственик на а АОИЛ „Феникс“-Струмица и Р.С.(40), претседател на НВО „Порта“-Струмица, двајцата од Струмица, за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, во периодот од јули до септември 2013 година, во повеќе наврати со упатување сериозни закани по животот на фамилијата на дански државјанин, со престојувалиште во Струмица се обиделе да изнудат 50.000 евра.