Кривичниот суд ќе одлучува за обвинението против Заев во случајот „Пуч“

Кривичниот суд во Скопје, за денес закажа јавна седница на која ќе ги разгледува приговорите на обвинението што ги поднесоа адвокатите на Зоран Заев и другите обвинети во случајот „Пуч”, пишува весникот „Вечер“.

Судот одлучил на јавна седница да ги разгледа приговорите на адвокатите, пред да одлучи дали ќе дозволи обвинението да биде испратено на судење.

– Добивме покани со кои се повикуваме утре да ги образложиме нашите забелешки на обвинението пред советот за оценка на обвинителниот акт. Ќе бараме судот да го отфрли обвинението, бидејќи нема кривично дело – тврдат од адвокатскиот тим на Зоран Заев.

фото: МРТ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.