Кривична пријава за адвокат од Штип, ги присвојувал парите на клиентите

Кривична пријава заработи адвокат од Штип, кој по продажба на куќа на клиент, наместо на сметката на клиентот парите ги префрлил на сопствената сметка.

Две кривични пријави се поднесени против 42- годишниот Н.Н. , адвокат од Штип  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и кривично дело „измама“ .

Противправно ги задржал парите од продажба на куќа

Противправно ги задржал парите од продажба на куќа
Противправно ги задржал парите од продажба на куќа

Како што информира МВР,  пријавениот во својство на адвокат, со искористување на својата положба ги пречекорил границите на своите овластувања на начин што постапил спротивно на даденото полномошно од страна на неговиот клиент, односно вешто со лаги и измами во два наврати ги злоупотребил дадените овластувања од страна на оштетниот клиент и по извршената продажба на нејзината семејна куќа на 09.07.2014 година противправно ги присвоил паричните средства во износ од 12.000 евра.

Адвокат од Штип парите на клиентот ги префрлил на сопствената сметка

Парите на клиентот ги префрлил на сопствената сметка
Парите на клиентот ги префрлил на сопствената сметка

Пријавениот на 17.02.2015 година како адвокат со намера за себе да прибави противправна имотна корист со измамнички дејства ја довел во заблуда осигурителната компанија „Инсиг-Македонија АД Скопје“.

Пријавениот адвокат од Штип со лажно прикажување на факти односно во мејлот што го доставил до осигурителната компанија, наместо трансакциската сметка на неговиот клиент кој го застапувал во врска со судски спор за случена сообраќајна незгода, ја навел неговата лична трансакциска сметка при што осигурителната компанија му исплатила износ од 1.163.179 денари , по основ на пресуда на Апелационен суд Штип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.