Кривична за 43 лица за бесправна сеча на дрва

Кривична за 43 лица за бесправна сеча на дрва
Кривична за 43 лица за бесправна сеча на дрва

Во рамки на оперативната акција „Гора“, МВР до надлежното Јавно Обвинителство поднесе нова кривична пријава против 43 лица од Скопје и скопско поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластувања“ како и „фалсификување службена исрпава“, односно „фалсификување или уништување деловни книги“.

Според полициски информации, првопријавениот Т.А. (66) од Скопје во својство на службено лице лиценцирано за извршување стручни работи на шуми во приватна сопственост и во својство на сопственик и управител на Друштво за трговија и услуги ФОРЕСТ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, во текот на мај, јуни, јули и октомври 2014 година, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност, така што спротивно на одредбите од Законот за шуми при постапување по Барањa за издавање на одобрениja за сеча поднесени од остантите кривично-пријавени лица за катастарски парцели во катастарските општини Танушевци, Брест, Палиград, Алдинци, Патишка Река, Црн Врв, Црвена Вода, Моране, Огњанци и Пчиња, иако бил должен – не излегол на лице место во шума и не извршил означување на стебла за сеча.

Притоа сочинил и со свој потпис заверил Записници дека наводно извршил теренски увид на лице место на катастарските парцели на кои се однесуваат барањата за сеча, во кои навел дека констатирал дека се исполнети условите за сеча на огревно дрво.

Врз основа на тие записници со невистинита содржина, Т.А. изготвил и со својот потпис и печат на правното лице ФОРЕСТ ИНЖИНЕРИНГ – Скопје заверил и на пријавените лица им издал одобренија за сеча со невистинита содржина. Потоа врз основа на вака издадените одобрениjа за сеча, првопријавениот иако знаел дека на катастарските парцели не е исечена дрвна маса, изготвувал и издавал испратници со невистинита содржина заверени со печат и потпис, со цел истите да извршат легален транспорт и продажба на бесправно исечените огревни дрва од туѓа шума на трети лица (и дрвна маса од шумскиот фонд сопственост на Р.Македонија).

По основ на наплата за наводно извршена ознака за сеча во износ од 300 денари  за еден м3 за одобрена вкупна дрвна маса за сеча (односно во предметниот случај 2751,4 м3 х 300,00 денари), првопријавениот Т,А, се стекнал со противправна имотна корист во износ од 825.420 денари. Истоврмено, согласно  Правилникот за висината на цената за штети во шума, според кои за огревно дрво бука висината на штетата изнесува 7.000 денари за еден м/3, ја оштетил заедницата за износ од 12.811.400 денари за вкупно исечена и изнесена дрвна маса во количина од 1830,2 м3.

Останатите 42 пријавени лица се товарат дека со легализирање на бесправно исечената дрвна маса сопственост на трети лица и дрвна маса од шумскиот фонд на Република Македонија сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353  во врска со кривично дело помагање од член 24 од КЗ. На дел од нив на товар им се ставаат  и сомненија за кривични дела Фалсификување или уништување деловни книги од член 280 став 2 од КЗ и Фалсификување исправа од член 378 од КЗ.

Бројот на откриени и процесирани кривични дела поврзани со незаконска сеча на шуми во текот на минатата година е зголемен за 50 отсто во однод на 2013 година
Бројот на откриени и процесирани кривични дела поврзани со незаконска сеча на шуми во текот на минатата година е зголемен за 50 отсто во однод на 2013 година

На пријавениот Т.А. судија за предходна постапка од Основен Суд Скопје I Скопје му изрече мерка притвор во време траење од 30 дена.

Бројот на откриени и процесирани кривични дела поврзани со незаконска сеча на шуми во текот на минатата година е зголемен за 50 отсто во однод на 2013 година. Имено, лани се поденесени 81 кривична пријава против 86 сторители поради сомненија за „пустошење шума“, „кражба на шума“, „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“, „спречување службено лице при вршење на службено дејствие“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.