Кривична за битолчанец, давал плата на рака

Кривична пријава е поднесена против управител на Битолска фирма, поради тоа што на вработените им давал плата на рака.

Кривична пријава е поднесена З.Р. (44) од Битола, управител на ДООЕЛ „Колега“-Битола и против правното лице ЗДПТУ „Колега“ увоз-извоз ДООЕЛ-Битола поради сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правата од социјално осигурување“.

Како што информира МВР, З.Р. како управител на правното лице „Колега“ во периодот од јануари 2013 до август 2015 година постапувајќи спротивно на Законот  за работни односи, Законот за вработување на инвалидни лица и Законот за платен промет, нередовно и нецелосно им ги исплаќал паричните средства.

Битолчанецот на вработените паричните сретства ги исплаќал на рака, а исто така на вработените не им исплаќал придонеси за здравствено, пензиско-инвалидско осигурување.