недела, 11 декември 2016  |  Вести денес: 0

Кривична и притвор за тројца кумановци за криумчарење мигранти

lisici2612117

Поврзани вести

Кривична пријава е поднесена против кумановците Д.П. (40), И.С. (27) и Б.Д. (27), кои се товарат дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“.

Ноќта помеѓу вторникот и средата околу 03.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје во близина на село Прдејци, од страна на полициски службеници било забележано како во патничко возило „крајслер“ , управувано од Д.П., влегуваат мигранти.

Во 03.45 часот било сопрено и патничко возило „ауди“ во кое биле останатите пријавени.

Од преземени мерки е утврдено дека  во организација на И.С., со возилото на Д.П. се превезувале мигранти, а додека останатите пријавени со другото возило му биле претходница.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените  им  е определена мерка притвор од по осум дена.

 

Најчитани вести