ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Кривична за мажот од Карбинци кој тепаше волк

Кривична за мажот од Карбинци кој тепаше волк. За сторено кривично дело мачење животни, кривична пријава доби 37-годишен маж од Карбинци.

Кривична пријава поднесена е против З.В.(37) од село Карбинци, општина Карбинци поради постоење основи на сомнение дека  сторил кривично дело “мачење животни“.

Како што соопшти МВР, пред околу три месеци во текот на 2015 година пријавениот  пред продавница во село Карбинци, општина Карбинци на повреден волк, кој не бил способен да се движи, со грубо постапување и  изложување на непотребни маки му нанел непотребни болки заради изживување и изложување на страдање.

Инаку, видеото на кое мажот од Карбинци ѕверски се изживува врз ранетиот волк, беше објавено од страна на Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ .

На него се гледа како го тепаат со боксови волкот, се изживуваат со него и му ставаат цигари во ноздрвите.