Кривична за наркодилери од Битола

Кривична за наркодилери од Битола

Кривична пријава е поднесена против четири лица на возраст од 24-43 години сите од Битола, поради сомнение дека неовластено произведувале и продавале наркотици.

Пријавените изминатиот период во повеќе наврати неовластено набавувале и продавале дрога. Пронајдени се вкупно 10 неотворени шишиња метадон од по 10 мл. или вкупно 100мл метадон, ампули диазепам, 0,49 грама кокаин спакуван во најлонско пакување, 14,25 грама марихуана и 14 алуминиумски и најлонски пакувања со вкупна маса од 2,52 грама -хероин.