Кривична пријава за дебарчанец за давање поткуп

Кривична пријава е поднесена против сопственик на индивидуална земјоделска фирма во Дебар. Лицето се товари дека сторило кривично дело „давање поткуп“.

На 14-ти минатиот месец, М.Х. (39) од  Дебар,  сопственик на индивидуална земјоделска фирма “Чифлик Мирзо“-Дебар, на двајца вработени во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, им дал една банкнота од 50 евра.

Имено, М.Х. знејќи дека има разлика помеѓу посеаните земјоделски површини наведени во негово барање за 46.967 метри квадратни и фактички посеаните земјоделски површини од 37.034 метри квадратни, на службените лица од Агенцијата им дал една банкнота од 50 евра со напомена дека сака да ги почасти ручек, а контролата да била во ред.

Настанот се случил во Дебар при контрола-супервизија на земјоделска површина посеана со растителни производи-пченка, луцерка и граор, за кои пријавениот до Агенција имал поднесено барање за субвенционирање.