Кривична пријава за лихвар од Куманово

Кривична пријава е поднесена против 64-годишен лихвар од Куманово. Полицијата го товари А.Ј. за сторени кривични дела „лихварство“ и „насилство“.

Пријавениот, искористувајќи ја тешката имотна состојба на Д.Р.(65) од Куманово, управител на правното лице „Трик-Трак“ склучил договор во 2013 година за заем од 49.500  американски долари со месечна камата 1,8% и неопределен рок на враќање.  По ова, во септември 2013 година пријавениот несразмерно ја зголемил каматата на 6% која оштетениот повеќе неможел да ја исплаќа, а со намера да се порамнат пријавениот го навел кај нотар да склучат договор за отстапување на половина од куќата, која ја поседувал оштетениот, со што на 09.04.2015 година недвижниот имот бил продаден на синот на пријавениот по што целосниот долг бил подмирен, соопштуваат од полицијата.

Исто така, на 06.10.2015 година околу 17,30 часот дошол во домот на оштетениот каде започнал расправија, по што и физички го нападнал удирајќи го во пределот на лицето за наводно неисплатена камата во висина од 6% за периодот од јуни 2013-та до 09-ти април 2015-та година.