Кривична пријава против двајца скопјани за продажба на дрога

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.И. (65) и против М.О. (39) од скопското село Зелениково, кој е во бегство, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Пријавените, како што соопшти денеска МВР,  во текот на овој месец неовластено од непознато лице од Косово набавиле и организирале транспорт на околу 20 килограми наркотична дрога марихуана.

На 21 март годинава на граничниот премин „Долно Блаце“, царински службеници извршиле преглед на возило „форд транзит“, управувано од Д.И., и пронашле вкупно 42 пакувања марихуана.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.