Македонија

Штипска полиција Кривична пријава против градоначалникот на Штип

Кривична пријава против градоначалникот на Штип

Штипската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Според МВР, Захариев склучил штетен договор со фирма од Штип, спротивно на законските прописи и без наведен основ за склучување.

Захариев, според кривичната пријава, наместо да и наплати на фирмата околу 1,8 милиони денари за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со локација во Индустриската зона Запад во Штип, тој и наплатил само  околу 300.000 денари.