среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 14

Кривична пријава против надзорник во КПУ „Идризово“

policija-31

Последни вести

СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против И.Н.(37) од Скопје, поради поради постоење основи на сомнение дека во текот на  октомври 2016 година неовластено набавил поголема количина наркотична дрога хероин, која ја препакувал во 27 полиетиленски паковки со намера да ја продава на уживатели во затворот, со што сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

МВР соопшти дека за стореното кривично дело предвидено и казниво по член 215 од КЗ, судија на претходна постапка на И.Н. му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

При превземањето мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога во соработка КПУ „Идризово“ било дојдено до сознание дека пријавениот, инаку вработен како надзорник во КПУ „Идризово“, во текот на октомври 2016 година, од засега непознато лице набавил поголема количина на хероин која ја чувал во својот дом, каде ја препакувал во помали количини по што ја внесувал во затворот и ја продавал на уживатели.

По потврдувањето на сознанието, на 6 октомври 2016 година од страна на вработени во КПУ „Идризово“, при пристигнување на работа на И.Н. му било соопштено дека ќе му се изврши личен претрес, на што тој не се согласил и со  вербални напади ги спречувал службените лица од КПУ да го претресат, при тоа успевајќи да дојде до задната врата и од под пантолоните да извади една најлонска ќеса која преку решетката успеал да ја фрли во дворот од затворот. Од страна на службени лица од КПУ „Идризово“ било извршено пребарување во непосредната околина при што била пронајдена една најлонска ќеса во која имало 27 полиетиленски ќесички со прашкаста  материја.

Од извршениот увид на местото на настанот и вештачењето на подигнатиот доказен материјал било утврдено дека пронајдените 27 полиетиленски ќесички со прашкаста  материја со вкупна нето маса од 124,82 грама се наркотична дрога хероин, по што со наредба од судија на претходна постапка, во домот на И.Н. извршен бил претрес при што биле пронајдени една рамка за пиштол, еден куршум со ознака ППУ 7,62 TT и една службена легитимација.

Во извршениот разговор И.Н. пред полциските службеници не дал  појаснување од кого ја купил наркотичната дрога-хероин, на кого ја продавал и по која цена.

Најчитани вести