Кривична пријава за Бугарката која изврши две кражби

Стружанец доби кривична за убиство во обид
Стружанец доби кривична за убиство во обид

Полицијата поднесе кривична пријава против Бугарката С.С.И. која извршила две кривични дела – кражби.

Таа на почетокот на месецов извршила две кражби во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Го искористила невниманието на оштетените кои чекале пред шалтерите и со протнување на рака во чантите, во двата случаи одзела женски паричници во кои имало пари и лични документи, како и еден мобилен телефон.

По извршените кражби пријавената ги земала парите, паричниците заедно со личните документи ги фрлила, а мобилниот телефон го задржала  за себе. Со платежната картица, сопственост на  една од оштетените се обидела да извади пари. По неуспешната трансакција на банкоматот ја фрлила картицата, меѓутоа  во тој момент била забележана од страна на полицаец, по што била легитимирана и приведена во полициска станица.

Украдените предмети и биле одземени и истите им биле вратени на оштетените.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.