Кривична пријава за две лица осомничени за употреба на лажна платежна картичка

Со намера да се стекнат со противправна имотна корист во период од април до јуни минатата година, соопшти денеска МВР, со фалсификување платежни картички на странски државјани наплаќале наводни резервации на соби во „Хотел Скопје“ во Скопје чии сопственик е првопријавениот.

Тие прибавиле на интернет банкарски податоци од вистински платежни картици, односно од носителите на странски платежни картици, со кои извршиле повеќе успешни трансакции на ПОС Терминалот во „Хотел Скопје“. Второпријавениот вработен како рецепционер во хотелот рачно ги внесувал броевите од картичките без присуство на картичката. На овој начин, двајцата пријавени, односно правното лице „МЕРАК БИЗНИС“ ДОО СКОПЈЕ извршиле 14 успешни нелегални трансакции во вредност од 1.312.819. денари.

По направената анализа на движењето на сметката на правното лице „МЕРАК БИЗНИС“ ДОО Скопје како и по извршениот разговор со осомничените лица, констатирано е дека банкарските податоци наводно им биле испратени на нивната е-маил адреса при правење на резервација за соби. Откако гостите кои резервирале соби за месец јуни, не се појавиле во хотелот, истите биле наплатени во целост според правилата на хотелот. Иако по неколку денови пријавените биле известени дека се работи за картички кои се пријавени за злоупотребени, и биле информирани дека треба да ги вратат средствата, тие не постапиле по барањето на банките и средствата ги искористиле за свои цели, односно исплата на плати на вработени, исплата на кредити и камати по истите, плаќање на даноци итн.