Кривична пријава за две лица што дивееле во битолско кабаре

Кривична пријава е поднесена против двајца битолчани кои дивееле во битолското кабаре „Император“.

СВР-Битола поднесе кривични пријави и против П. Д. (17) и С.Л. (40) и двајцата од Битола, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство“.

Пријавените ноќта на 13 јуни годинава биле во битолското кабаре „Император“, каде користејќи физичка сила и манифестирајќи насилничко однесување, нападнале две лица и го демолирале објектот со што кај присутните гости и вработените кои во тој момент се наоѓале во кабарето предизвикале чувство на страв и несигурност.