Кривична пријава за пет лица за грабеж на британски државјанин

Со кривичната пријава се опфатени А.Б (33), М.С. (36), А.Х. (30) од гостиварското село Симница и уште две засега непознати лица (машко и женско ) и по нив се трага, информираат од СВР Тетово.

Петте пријавени лица се сомничат дека на 21-ви овој месец, во попладневните часови, на паркинг на регионалниот пат Бунец-Маврови Анови ги извршиле овие дела над О.М.Џ (32) британски државјанин и притоа му причиниле штета од околу 80.000 денари. Тројцата осомничени кои се во бегство, од претходно им  се познати на службите поради нивната инволвираност во различни криминални активности, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

За време на расветувањето на овој случај, пронајдени се и одземени три возила, „голф“, „пасат“ и „поло“ и испратени на вештачење, а пронајдени се и украдениот велоспиед и дел од работите кои му биле одземени на Британецот.