Кривична пријава за прилепчани кои запалиле возило

Дваесетгодишниот М.С (20) и дваесет и шестгодишниот Д.Д.(26), двајцата од Прилеп добија кривична пријава, поради сомнение дека предизвикале општа опасност.

На 02. август пријавените, поливајќи го со запалива течност опожариле возило „Форд Ескорт“ со охридски таблички, сопственост на граѓанин од Ресен.

Исто така, од нивна страна било полиено со запалива течност, но не било запалено, уште едно возило марка „Лада Нива“, кое е во сопственост на истиот граѓанин и кое се наоѓало во непосредна близина на првото возило.

Од страна на полицијата во Ресен е извршен увид на лице место и се превземени низа мерки и активности по што се идентификувани можните сторители, а од страна на битолската полиција на магистралниот пат Ресен – Битола е затекнато возилото со кое се движеле сторителите. Тие се уапсени и спроведени во полициска станица Ресен.

По целосно документирање на настанот и обезбедени материјални докази пријавените во целост го признале делото, по што е поднесена кривична пријава.

Минатиот месец опожарено возило во Прилеп

На ул.„Димо Нареднико“ во Прилеп минатиот месец од страна на непознат сторител било опожарено патничко моторно возило „Хјундаи“ со прилепски таблички.

Како што информираат од МВР, возилото сопственост на Д.Ч. било паркирано.

Од страна на противпожарна екипа пожарот бил изгаснат.

Претходно возило беше опожарено и во Битола

voziloВозило „дајхатсу“ беше опожарено во Битола на почетокот на минатиот месец.

Причините за пожарот засега се непознати, а возилото е во сопственост на Р.А.(35).

Од МВР информираа дека е извршен увид на местото на настанот, како и дека се преземаат мерки за целосно расчитување и утврдување на причините кои довеле до опожарување на возилото.

Опожарувањето возила воопшто не е реткост во земјава, а се почесто изминатиов период се регистрирани случаи на намерно предизвикување пожар палејќи возила.

 

 

За повеќе случаи на опожарени возила на територијата на Република Македонија можете да причитате на следните неколку линкови:

 

http://netpress.com.mk/opozhareno-vozilo-vo-centar/

http://netpress.com.mk/opozhareno-vozilo-vo-krugot-na-poraneshen-zhitomel-vo-kumanovo/

Опожарено возило во Велес

Опожарено возило во Велес