понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 33

Кривична пријава за скопјанец дилер на дрога

полиција

Последни вести

Министерството за внатреши работи поднесе пријава против 27-годишен скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што соопшти МВР, З.А. во текот на ноември 2016 година неовластено набавил поголема количина марихуана со намера да ја продава на уживатели од Скопје. Единицата за недозволена трговија со дрога, преземајќи мерки и активности, дошла до сознание дека З.А. набавил поголема количина марихуана, со намера да ја препродава.

– По потврдување на сознанието, Единицата презеде мерки и активности за обезбедување материјални докази, за што на 23 ноември 2016 година со наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени и одземени  93,27 грама марихуана спакувани во една тегла и две полиетиленски кесиња, една  таблета со активна компонента 3,4 грама метилен-диоксиметамфетамин (МДМА) и една дигитална вага на која се најдени траги од  марихуана. З.А. бил приведен и делумно дал појаснување за потеклото на пронајдената дрога во неговиот дом, се истакнува во соопштението на МВР.

Судија на претходна постапка на пријавениот му изрекол мерка претпазливост со која е обврзан еднаш во неделата да се пријавува во надлежната полициска станица.

Најчитани вести