недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

ФОТО: Кривична пријава за Скопјанец, криумчарел текстил и автоделови

Кривична пријава заработи 50-годишен скопјанец за прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

krivicna-avtodelovi-naslovna-2

Последни вести

Кривична пријава заработи 50-годишен скопјанец за прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Како што информира МВР, СВР Скопје-Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Е.А.(50) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека на 09.06.2016 година извршил кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама “, предвидено и казниво по член  278-б од КЗ на РМ.

krivicna-avtodelovi-naslovna-1

Имено, пријавениот,откако претходно на засега неутврден начин и од засега непознато лице набавил поголема количина на разновидна трговска стока: текстилна роба (1.566 парчиња блузи, 594 парчиња свечени фустани), потоа 1.373 метри завеси за дом, 3.250 најлон вреќи, автоделови (ламели за возила, куќиште за филтер, АГР вентили, Бош филтери, Гаф пакинг, поклопец за филтер, сидат вентили, термостати, свеќици, водни пумпи, федери за амортизери, алуминиумски грани, пластични црева, гумени навои, дихтунзи, управувачки осовини, зглобови за автомобили,  јабучици, лагери, ребрасти каиши со затегачи), како и 3.660 литри моторно масло и друго – стока за која не поседувал соодветна документација и која била предмет на кривично дело „криумчарање“ истата ја натоварил во товарно моторно возило со намера дел да ја пласира на македонскиот пазар, а дел да биде пренесена преку гранична линија.

krivicna-avtodelovi-naslovna

На почетокот на месецот (09.06.) околу 18,00 часот на локалниот пат с.Побожје-с.Бродец во насока кон с.Танушевци, товарното моторно возило кое било управувано од пријавениот, при извршување на редовни контроли било сопрено од страна на полициски по што истиот бил приведен и предаден во полициската станица во Гази Баба, каде при извршена контрола и преглед на внатрешноста и багажниот простор на возилото била пронајдена предметната трговската стока која заедно со возилото се одземени, а со пријавениот бил извршен разговор.

krivicna-avtodelovi

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје било извршено фотодокументирање на возилото како и на пронајдената количина на трговска стока. Во врска со кривично правниот настан од страна на службени лица од Државниот пазарен инспекторат-Скопје бил извршен  инспекциски надзор по што бил изготвен и записник.

Инаку во минатото против  Е.А. поднесени се и други кривични пријави кско што се: „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“,„повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, „криумчарење“, „лажно пријавување на кривично дело“ и „недозволена трговија“.

Најчитани вести