сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Кривична пријава за уредник на портал поради злоупотреба на лични податоци

Кривична пријава заработија уредникот на портал и раководителот на фирма од Скопје. Двајцата се товарат дека извршиле злоупотреба на лични податоци.

portali

Последни вести

Кривична пријава заработија уредникот на портал и раководителот на фирма од Скопје. Двајцата се товарат дека извршиле злоупотреба на лични податоци.

Како што информира МВР, кривична пријава е поднесена против лицата Д.К (28) од Куманово, А.П.(26) од Скопје и „Медиа пет“ ДООЕЛ Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Првопријавениот, уредник на веб порталот „Think.mk“, и второпријавениот, управител на „Медиа пет“ ДООЕЛ Скопје, спротивно на одредбите од законот за лични податоци, без согласност на Н.М. од Битола, објавиле лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук со нејзина фотографија и нејзино име. Истите, притоа објавиле и коментар со непримерна содржина, а содржината ја објавиле и на веб порталот.

Најчитани вести