Кривична и притвор за двајца жители на Марвинци – Ограбиле Мароканец

Кривична пријава и триесетдневен притвор заработија двајца жители на валандовско Марвинци, кои се товарат дека извршиле разбојништво врз марокански државјанин кој пеш се движел кон Скопје.

Кривична пријава е поднесена против  Ж.С .(23)  и Д.С. (22) и двајцата од село Марвинци, државјани на Р.Македонија, поради постоење основано сомнение дека сториле  кривично дело „разбојништво“.

Пријавените минатиот петок, откако претходно по телефон се договориле, со автомобил „Голф“, сопственост на такси компанија од Валандово, во која работел прво пријавениот, заминале кон село Смоквица, Општина Гевгелија.

По автопатот кон Гевгелија го сретнале оштетениот државјанин на Мароко, кој пеш се движел по автопатот према Скопје. Прво пријавениот го повикал оштетениот да влезе во такси возилото. Пријавителот влегол во возилото по што  заминале во правец на село Марвинци а потоа за село Грчиште.

Прво пријавениот го повикал оштетениот да влезе во такси возилото
Прво пријавениот го повикал оштетениот да влезе во такси возилото

По кратко време пријавените со возилото го однеле оштетениот на непознато ридско место, каде насилно го изнеле од возилото, по што со дрвена летва насилно го притиснале во пределот на градите барајки да ги даде парите кои ги носи со него. Второ пријавениот од мала ташна која му била на појасот на оштетениот насилно му  одзел 400 евра. По што  го ставиле во возилото на задниот дел од седиштата и се упатиле према  село Марвинци. Во движење оштетениот ја отворил вратата од возилото и скокнал од возилото на патот и почнал да трча во правец на автобуската станица.

Валандовската полиција по пријавување на настанот превзема мерки за идентификација, пронаоѓање и фаќање на сторителите. Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Велес,  на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.