Кривична за разбојници од Битола и Демир Хисар

Кривична пријава е поднесена против три лица од Битола и едно лице од Демир Хисар поради сомнение дека сториле „разојништво“ и „разбојничка кражба“.

На 12.06.2015 О.Ф.(23) од Демир Хисар по предходно договорен состанок со оштетената да се најдат во хотел во Битола и платил одредена сума пари за добивање на сексуални услуги, но во еден момент кога оштетената сакала да замине од хотелската соба пријавениот ја нападнал и успеал да и ја одземе чантата во која имало околу 10.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Во вториот случај тројцата пријавени на возраст од 18-24 години, сите од Битола на 14.овој месец извршиле разбојничка кражба во куќа во Битола при што го скршиле цилиндарот од портата од дворот на куќата но не успеале да ја отворат, па се префрлиле преку оградата, влегле во дворот и со употреба на физичка сила го откорнале едното крило од влезната врата, влегле внатре, но не одзеле ништо.