Стружанец доби кривична за убиство во обид

Стружанец доби кривична за убиство во обид
Стружанец доби кривична за убиство во обид

Ф.Р. од струшкото село Долна Белица доби кривична пријава поради сторено убиство во обид.

Педесетгодишниот стружанец доби кривична за убиство во обид откако на седми овој месец со нож го нападнал Љ.Д. (79) од Струга нанесувајќи му тешки телесни повреди-исекотина на врат во должина од околу 16 сантиметри.

Настанот се случил во 20 часот и 30 минути на улицата „ЈНА“ во Струга, каде сега пријавениот, во видно алкохолизирана состојба, го забележал Љ.Д. кој со тапан најавувал дека е време за вечера според муслиманскиот рамазански пост.

Тука, Ф.Р. го пресретнал сега повредениот, го извадил ножот и му задал удар во пределот на вратот по што веднаш избегал. При извршено алкотестирање, кај пријавениот констатирани се 2,24 промили алкохол во крвта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.