Кривична за возачот на камионот со мигранти најден на патот Никуштак – Орланци

Кривична пријава е поднесена против 25 – годишниот М.М. од село Сливник, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 08.01.2016 година на патот Никуштак – Орланци беше пронајдено товарно возило Мерцедес со 33 мигранти од кои 15 од Иран, 16 од Ирак и двајца од Либија, кое било управувано од пријавениот.

Инаку, полицијата во рамки на истрагата го повика и претходниот сопственик на возилото, 33 годишно лице од Штип, кој изјавил дека 04.01.2016 година камионот го продал на Џ.И.(24) од велешко, за кое на увид приложил купопродажен договор.