Кривична за битолчанец – извршил седум тешки кражби во автомобили

Kривична пријава е поднесена против 25-годишниот Ј.П. од Битола. Лицето се товари за сторени седум кривични дела„тешка кражба“.

Пријавениот, како што информираат од МВР, во периодот од 10.05.2016 година од 08.00 часот до 24.05.2016 година до 11.15 часот извршил тешки кражби од седум различни возила паркирани на различни локации во Битола.

Од возилата пријавениот одземал лаптоп компјутери, мобилни телефони, банкарски картички, различни документи и многу други предмети со што причинил материјална штета од 83.000 денари.