Македонија

Кривична за битолчанец кој сакал да силува девојче

Кривична за битолчанец кој сакал да силува девојче

Битолчанец добил кривична пријава оти сакал да силува малолетничка, информираше МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ѓ.Б. (46) од Битола. Тој се товари за силување.

Според полицијата, на 17.05 годинава околу 21 часот 15-годишно девојче од Битола пријавило дека околу 14.30 часот Ѓ.Б. се обидел да изврши полови дејствија врз неа.