Кривична за битолчанец за силување

Дваесет и две годишен битолчанец заработи кривична пријава за силување.

Како што информира МВР, станува збор за Г.А. (22) кој на 05.04.2016 година во 14.00 часот во село  Мусинци, општина Могила, со употреба на физичка сила извршил полови дејствија врз дваесетидеветгодишна девојка од Република Албанија со живеалиште во село Мусинци.