Кривична за битолчанецот кој се обиде да се самозапали

Kривична пријава е поднесена против  Н.М (66) од Битола поради постоење сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Пријавениот на 20. овој месец во Битола на булевар „1-ви Мај“, движејќи се со своето патничко возило „Ауди А4“, удрил во објектот на Основниот суд Битола, при што возилото се запалило. Од страна на лице од судска полиција пожарот е изгаснат, а Н.М. со возило на итна помош е пренесен во Скопските клиники.

Од извршен преглед на возилото, во истото била пронајдена плинска боца и туба со бензин.