Кривична за дилер од Струмица

Кривична за дилер од Струмица
Кривична за дилер од Струмица

Полицијата поднесе кривична за дилер од Струмица. Станува збор за дваесет и петгодишниот К.А. од Струмица кој се сомничи дека неовластено произведувал и тргувал со дрога.

На 28.март годинава полицијата извршила претрес над пријавениот кај кого се пронајдени амфетамин со маса од 8,08 грама, а при претрес во домот се пронајдени пет семки од растението канабис сатива и четири хартиени обвивки со остатоци од марихуана.