Кривична за екс градоначалникот на Вевчани

Поранешниот градоначалник на Вевчани П.И. доби кривична пријава бидејќи го оштетил оштинскиот буџет за 1.025.583 денари, односно приближно 17 илјади евра.

Тој спротивно на Законот за јавни набавки  и без да распише потреба од јавна набавка за правни услуги, на адвокат од Струга на име адвокатски услуги од застапување на Општината Вевчани, му овозможил противправна корист од наплата од приближно 17 илјади евра.

Во периодот од 2009 до 2013 година тој не превзел никакви мерки за да се заштитат имотните интереси на Вевчани и без да се грижи за имотот и интересите на Општината која ја застапувал и претставувал, склучил и други спорни  договори оштетувајќи го општинскиот буџет.