Кривична за градежен инспектор од Карпош за земање мито

Кривична пријава е поднесена против 62-годишниот Н.И. од Скопје, овластен градежен инспектор во Сектор инспекторати во општина Карпош, Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „примање поткуп“ и кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што информираат од МВР, пријавениот во својство на овластен градежен инспектор, во периодот од декември 2013 до октомври 2014 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на тој начин што при вршење на инспекциски надзор во правните лица „Имвента“ ДОО Скопје и „БИМАД ИНЖЕНЕРИНГ“ ДОО Скопје кои граделе градби, констатирал и сочинил Записници дека се изведуваат без Одобренија за градба и директно од сопствениците на истите побарал и примил како поткуп  парични средства во износ  од 98.475 денари, на неговата трансакциона сметка за да изврши службено дејствие што би морал да го изврши или да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши.

Имено, Н.И. со искористување на своето службено овластување,откако во правното лице “ИМВЕНТА“ извршил инспекциски надзор и изготвил Записник со кој им наложил на сопствениците да ги отстранат недостатоците и да го известат за да донесе заклучок за запирање на постапката, директно побарал и примил како поткуп на неговата трансакциона сметка во два наврати парични средства во износ од 38.475 денари.

За да изврши службено дејствие што би морал да го изврши, односно откако го известиле дека недостатоците се отстранети, донел заклучок за запирање на постапката.

Додека пак во правното лице “БИМАД ИНЖЕНЕРИНГ“ извршил инспекциски надзор и изготвил записник каде констатирал дека градбата е без одобрение за градење, при што од овластениот потписник директно побарал и примил како поткуп на неговата трансакциона сметка парични средства во износ од 60.000 денари.

Притоа, наложувајки им да продолжат со градбата и дека нема да имаат прички околу натамошнатга градба, како и дека ќе им помогне да добијат одобрение за градење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.