Кривична за крадец од Виница

Дваесет и двегодишниот И.М. од Виница доби кривична пријава поради сомнение дека извршил тешка кражба.

Пријавениот на минатата година го скршил стаклото на влезната врата на бутикот за детска текстилна роба  „Кит – Кет“ во Виница, влегол внатре, извршил пребарување на рафтовите и одзел поголема колична на текстилна роба стекнувајќи се со противправна имотна корист од 163.260 денари.